The Dental Kraft Dental Laboratory was established in 2005 by Aleksandar Blazhevski, an experienced and distinguished dental technician. We have an excellent team and state-of-the-art equipment, and we are known as leaders in making dental products for the domestic market. The quality of fabrication, impeccable service, affordable prices and cutting-edge technology are the keys to our success. This is why thousands of clients from the country and abroad have decided to use our services.
We have the latest computers, scanners, 3D modelling programs and other equipment at our disposal, but we are especially proud of our laboratory which includes the new CAD/CAM centre, which is equipped with the newest model of ultra-modern computer-operated machine of German make. We use exclusively verified and high-quality material from renowned global manufacturers, which are safe, secure and comply with all norms and standards. Our work is fast, efficient and of high quality. We constantly invest in new equipment and the education of our employees.
Our laboratory improves continuously, and implements new trends and technologies in the field of dental technology and dentistry. We offer a wide range of dental products, and above all specialise in making:
- metal-free ceramic;
- metal ceramic;
- reconstruction over implants; and
- combined products.
Our business strategy is based on the principles of excellent service, high quality and affordable prices. In every aspect of our business we do everything that is necessary for our associates and clients to be satisfied in every way. Unlike our competitors, it is important for us to know that with every implant, Dental Kraft gives you a guarantee for every dental product.
We will gladly answer any of your questions. Whether you are a patient, a dental technician or a dentist from Macedonia or abroad, contact us now. We have the solution to any problem and are open to any kind of collaboration.

Ние нудиме опција за бесплатна достава на било кои од нашите заботехнички продукти во земјата и странство. Откако ќе бидат изработени, ги доставуваме во рок од 6 часа низ републиката, а со DHL, TNT или FedEx за помалку од 24 часа нашите продукти пристигаат до било која дестинација во Европа. Сите нарачки се изработуваат приоритетно, што подразбира дека самата изработка трае од 3 до 8 работни дена во зависност од тежината на случајот. Нашата соработка со стоматолошките ординации и заботехничките лаборатории од земјите на Европската Унија се одвива според претходно договорен начин. Доколку изразите интерес за соработка, слободно контактирајте не. Ние ќе дојдеме да ве посетиме каде и да сте. Откако ќе склучиме договор и ги договороме принципите за соработка, се што треба е да ни испратите прецизна мерка или скен фајл и налог за изработка. Изработката со гаранција ќе ви биде испорачана во претходно договорениот рок.
Во моментов, имаме одлична соработка со повеќе докажани стоматолошки ординации од Германија, Швајцарија, Австрија и Италија. Ниската цена на работната сила во нашата држава ни овозможува да можеме да понудиме врвни продукти по прифатливи цени, односно цени кои се дури и до 70% пониски од цените во најнапредните европски држави. Нашите клиенти од странство најчесто ни велат дека од нас добиваат далеку подобар квалитет за многу пониски цени. Тоа е нашата бизнис стратегија и на тој основ планираме и натаму во иднина да ја градиме нашата соработка со партнерите од странство.
Отворени сме за соработка со сите заинтересирани стоматолошки ординации и заботехнички лаборатории од нашата држава и странство. Нудиме брза и квалитетна услуга во најкус можен рок. За нашите изработки имаме бесплатна достава до клиентите, без оглед на земјата во која се врши испораката. Изработките ги испорачуваме навремено, во претходно договорен временски рок. За клиентите кои имаат ургентна потреба, обезбедуваме приоритетен треман за производство и испорака.
СОРАБОТКА СО СТОМАТОЛОШКИ ОРДИНАЦИИ
Нашите производи се квалитетно и прецизно изработени. Нудиме широка палета на комплетно готови заботехнички изработки, кои самите по себе претставуваат уметнички дела на докажани и искусни забни техничари. CAD/CAM изработките се врвот на современта технологија, но тоа е само мал дел од нашата понуда. Нашите оддели за безметална керамика, метал керамика, комбинирани изработки и мобилна протетика изработуваат различни продукти со докажан квалитет. Работиме со проверени и сертифицирани материјали и даваме гаранција за секоја наша изработка. Покрај класичната метода на работење со земени отпечатоци, изработуваме протетски помагала според испорачан скен фајл од интра орален скенер. На овој начин обезбедуваме совршена прецизност на нашите изработки, а воедно изработката се одвива во пократок временски рок.
СОРАБОТКА СО ЗАБОТЕХНИЧКИ ЛАБОРАТОРИИ
Доколку имате потреба од полу-готови заботехнички изработки по прифатливи цени, слободно јавете се кај нас. Нашиот фрез-центар може да ви испорача прецизно изработени заботехнички капици од циркон, титан, e.max, или готова плоча за скелетирани протези. Во овој случај вашата лабораторија ќе изведе нанесување и печење на керамика, или вметнување на заби во случајот со скелетираните протези. На овој начин можете да добиете драгоцено време, да се фокусирате исклучиво на завршниот уметнички дел, а изработките од вашата лабораторија да претставуваат готови уметнички изработки. Исто така, вршиме компјутерско дизајнирање на конструкции (CAD Design) по испорачан скен фајл од ваша страна кој ви го доставуваме по емаил.
СТОМАТОЛОШКИ ЦЕНТАР
За нас секој пациент е добредојден. Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт нуди комплетен бесплатен преглед. Истиот вклучува консултација со стоматологот, давање предлози за натамошен стоматолошки третман, одредување на временска рамка за изведување на комплетниот зафат. Како и одредување вкупна цена на чинење на третманот. Закажете бесплатен преглед веднаш со едноставен повик на телефонскиот број 02/3113-001 или на социјалните мрежи.
Во оние случаеви каде што пациентите ќе имаат потреба од протетика, односно изработка на протетско помагало, бесплатниот преглед дополнително вклучува и консултација со забниот техничар. Се со цел предлагање на најдоброто можно решение и потребен временски период за изработка на истиот.
Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има воспоставено златно правило за придржување до однапред договорената цена. За разлика од некои наши конкуренти, нашите пациенти нема да платат ниту денар повеќе, во случај на меѓувремено поскапување на материјалите, разлика во девизниот курс или слично.
Ние во Дентал Крафт веруваме дека иднината на забната техника е во современата компјутерска технологија. Затоа несебично инвестираме во таа насока и посебно сме горди на нашиот ултра модерен CAD/CAM центар кој ни овозможува максимален квалитет и совршена прецизност при изработката на протетските помагала. CAD/CAM центарот на Дентал Крафт е опремен според највисоките светски стандарди, што резултира со изработка на совршени заби во рекордно краток временски рок.
Постапката започнува со препарирање на забите од страна на вашиот стоматологот. Тоа значи стругање на надворешниот дел од постоечките заби, со цел врз нив да се обезбеди доволен простор за поставување на керамичките заби. Но, што се случува со оние луѓе кои имаат недоволно или пак воопшто немаат заби? Решението лежи во имплантите, тие овозможуваат натамошна сигурна и безбедна реконструкција. Имплантот е титаниумски штраф кој стоматологот го вградува во коската на вилицата, каде за кратко време сраснува со неа. Треба да се знае дека забните импланти се далеку појаки и потрајни од мостовите или протезите и претставуваат најдобро решение бидејќи структурално и функционално се поврзуваат со коската.
Потоа вашиот стоматолог ќе направи отпечаток кој се испраќа кај нас и од тој момент започнува процедурата за изработка на вашите заби во нашата заботехничка лабораторија. Потребно е да знаете дека за изработка на врвни заби, вашиот стоматолог треба да исполни два многу важни предуслови: да направи добра препарација (пожелна е препарација со стапалка) и да изработи најдобар можен отпечаток.
Ние вршиме скенирање на отпечатокот, а добиените податоци ги внесуваме во компјутер. Нашите компјутерски техничари ги обликуваат вашите идни заби во специјален 3Д програм, а компјутерот брзо и прецизно ги пресметува сите потребни параметри и води грижа изработката да биде беспрекорна до најситниот детал. Потоа го одбираме материјалот, го ставаме во друга, исто така целосно компјутеризирана машина каде продолжува автоматизираната изработка на забите. За само неколку минути нашиот современ CAD/CAM систем ги изработува забите со невидена прецизност. Забните техничари од одделението за керамика во Дентал Крафт ги вршат финалните доработки, ја ускладуваат бојата, им даваат целосно природен изглед и готовите изработки ги предаваат во одделот за контрола на квалитетот. Изработките кои ќе го поминат тестот за квалитет се испраќаат кај стоматологот кому за крај му останува уште да ги вгради готовите заби.
Добро е да се знае дека материјалите од кои се прават забите на овој начин се карактеризираат со голема цврстина и врвен квалитет, а гледано од уметничка страна, изработките се вистински ремек дела. Вака изработените заби на нашите пациенти им гарантираат извонредна функција, долговечност и одлични резултати во секој поглед. Целата процедура се одвива многу брзо, во просек трае од 3 до 8 дена. На крајот, секој пациент кој има вградена наша изработка добива гаранција која важи 1 година. На нашите пациенти им гарантираме дека во случај на евентуален проблем кој не е предизвикан од механичка или насилна природа, ќе им биде извршена бесплатна интервенција и ќе им биде вградена комплетно нова заботехничка изработка.