Професионалниот пристап, добриот тим, врвната услуга, најдобрите материјали на пазарот и цени пониски дури и до 70% се само дел од причините поради кои голем број на пациенти од други држави носат одлука своето оралното здравје да ни го доверат нам. Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има големо искуство и нуди комплетна организација за пациентите од странство кои се заинтересирани за дентален туризам. Соработката започнува преку емаил, телефон, Viber, Skype или WhatsApp. Се што е потребно е пациентот да ни достави панорамска РТГ снимка, неколку обични дигитални фотографии и да ни ги соопшти своите потреби.

По прегледувањето на панорамската снимка, стоматологот во консултација со забниот техничар прават првична анализа и проценка за состојбата на вашите заби, а потоа ви ги предлагаат најдобрите можни решенија и временските рокови неопходни за спроведување на истите. Откако ќе се договори терминот, ќе ви излеземе во пресрет околу резервирање на авионскиот билет или друг вид на соодветен превоз по ваша желба. Нашата грижа за вас продолжува во моментот на вашето пристигнување во Скопје. Ќе ви обезбедиме превоз, мобилен телефон и сместување во прекрасен апартман во центарот на градот.

Стоматолошките интервенции ќе бидат завршени во најкус можен рок, а во меѓувреме доколку имате интерес и време, ќе ни претставува задоволство да Ви покажеме дел од убавините на нашата мала и волшебна земја Македонија. Како опции ви нудиме разгледување на главниот град Скопје, пловење со кајче низ кањонот на езерото Матка, посета на градот Битола, посета на античкиот локалитет Хераклеа, посета на историско-културолошкиот центар Охрид и друго. Ве уверуваме дека ќе бидете максимално задоволни од целокупниот третман и дека со задоволство ќе не препорачате кај луѓето што ги сакате.

skopje centar

Доколку сте заинтересирани за ваков вид на соработка контактирајте не веднаш. Најдобра опција е да имате веќе обезбедено РТГ панорамска снимка во дигитален формат за протетски помагала или 3Д панорамска снимка за имплантологија, која е најважен предуслов за сите идни планови. Панорамската снимка испратете на ја нашиот емаил: Diese E-Mail-Adresse ist vor Spambots geschützt! Zur Anzeige muss JavaScript eingeschaltet sein! и наведете кога и каде би сакале да ве побараме. Како опции за комуникација молиме да го наведете вашиот контакт телефон и емаил, или што е уште подобро вашиот Viber, WhatsApp или Skype. Постои отворена опција исто така и вие да не контактирате нас, сите информации за можните начини на остварување контакт се наоѓаат на страната за контакт.

Кога е забната техника во прашање, сакаме да напоменеме дека секој забен техничар кој е дел од тимот на Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има долгогодишно искуство и е специјализиран за одреден вид на изработки. На тој начин постигнуваме врвен квалитет и максимална прецизност при изработката на протетските помагала кои истовремено се изработени во согласност со желбите и потребите на нашите пациенти. Материјалите кои ги користиме за изработка на протетските помагала се биокомпатибилни, односно истите се тестирани на иритација, чувсвителност, токсичност, хемо-компатибилност и генотоксичност. На овој начин сакаме нашите пациенти да бидат максимално сигурни дека ќе добијат висококвалитетни заботехнички производи кои во секој можен поглед ќе ги задоволат нивните потреби и очекувања. Вложуваме максимални напори и го контролираме секој дел од производствениот процес. Ригорозната контрола низ која минуваат нашите финални изработки не прави можеби и единствени во регионот. Бројот на нашите вработени континуирано се зголемува, а освен што инвестираме во најмодерна опрема и апаратура за да ја зацврснеме нашата предност пред конкуренцијата, постојано инвестираме и во најсовремена едукација за нашите вработени. За нас секогаш пациентот е на прво место, а наместо другите – оставаме фактите и резултатите да зборуваат за нас.


Заботехнички услуги и изработки, протетика - Стоматолошка ЛабораторијаНудиме широка палета на фиксна протетика, мобилна протетика, CAD Design, протези, цирконија, керамика и останати заботехнички услуги, вршиме бесплатна достава на нашите производи во земјата и странство. Доколку имате потреба од одредени производи кои не се наведени во листата, слободно контактирајте не, достапни сме и на социјалните мрежи. Ќе ни биде особено задоволство да им излеземе во пресрет на вашите барања и да ви понудиме готови или полу-готови заботехнички изработки кои во целост ќе ги задоволат вашите потреби.

ФИКСНА ПРОТЕТИКА

  • Цирконија;
  • Цирконија до 14 члена во блок;
  • Цирконија врз импланти;
  • Цирконија со директно штрафење врз импланти;
  • Антериор цирконија;
  • E.max;
  • Титан керамика;
  • Титан керамика врз импланти;
  • Метал керамика;
  • Метал керамика врз импланти;
  • Шултер керамика;
  • Фрез места;
  • Телескоп коронки;
  • Атачмени, Клизачи, Долдер пречки.

МОБИЛНА ПРОТЕТИКА

  • Хибридни акрилатни мостови на штрафење врз импланти;
  • Комбинирани визил протези;
  • Скелетирани класични визил протези;
  • Тотални протези;
  • Парцијални протези.

КОМПЈУТЕРСКО ДИЗАЈНИРЊЕ (CAD DESIGN)

  • Конструкции за фиксни и мобилни протетски помагала;
  • Комплетни протетски помагала со целосна анатомоморфолошка форма.

Професионалниот пристап, стручниот и искусен тим, врвната услуга, најдобрите материјали на пазарот и цени пониски дури до 70% во споредба со цените во Европската Унија се само дел од причините поради кои многу пациенти од земјава и странство доаѓаат кај нас. Но нашата бескомпромисност кога е квалитетот на услугите во прашање е нешто што не прави поразлични од другите.


Квалитетот на нашите стоматолошки услуги се темели врз непрекинато инвестирање во најсовремена опрема, најнови материјали од реномирани и докажани светски производители, усовршување и пременување на новите знаења и континуирано следење и имплементирање на наjвисоките стандарди од страна на нашиот тим. Секојдневно ги следиме новите светски трендови и тежнееме кон поместување на границите на квалитет, брзина и професионалност. Тоа прави да се чуствуваме сигурни и подготвени во секое време на нашите пациенти да им го понудиме најдоброто решение во корист на нивното орално здравје.


Најнапред е важно да напоменеме дека во првиот контакт со нашите пациенти ја проверуваме нивната здравствена состојба, можните лекови кои ги примаат во моментот, евентуалните алергии, медицинската историја и друго. Кога е здравјето на нашите пациенти во прашање, тука не постои компромис. Во продолжение се наведени нашите стоматолошки услуги кои се со гарантиран квалитет:

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

  • Итно згрижување на пациенти;
  • РТГ панорамска снимка;
  • Пломбирање;
  • Чистење на забен камен;
  • Залевање на фисури;
  • Воздушно полирање на заби;
  • Флуор заштита на млечни заби;
  • Изработка на заштитни гуми за бруксизам;
  • Изработка на спортски заштитни гуми;
  • Избелување на заби.

ПРОТЕТИКА

  • Фиксна протетика (коронки и мостови);
  • Мобилна протетика (визил, тотални и парцијални протези);

ЕНДОДОНЦИЈА

  • Лекување на каналите на коренот на забот.

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

  • Вадење на импактирани заби, апикотомија, современа Piezo хирургија и друго.

ИМПЛАНТОЛОГИЈА

  • Вградување на импланти.